Кога ќе го видите Инстаграм профилот на Луција Јаворшекова (31) од Словачка, тешко дека би помислиле дека токму таа е шампионка во велосипедизам и една од најпопуларните спортисти во својата земја.
Таа постигна неверојатни резултати, а многумина велат дека нема поубава спортиска од неа.
Сепак, иако е многу успешна во возењето велосипед, таа одлучи да ја промени професијата. Поради ниските примања во женскиот спорт, особено во велосипедизмот, таа се посвети на манекенството.
Дека не згреши покажува и фактот што денес на Инстаграм ја следат повеќе од два милиони луѓе.
Таа редовно објавува атрактивни фотографии на својот профил на Инстаграм.
„Никој не е толку атрактивен како Лусија, најубавата спортистка на светот, таа е прекрасна“, се само дел од коментарите што може да се прочитаат под нејзината објава.
Во разговор за странските медиуми, таа рече дека има еден мал проблем – не само мажите, туку и жените гледаат во нејзините гради, така што никој не ја гледа во очи.
Таа исто така и често споделува совети како да останете во добра форма.
