ФОТО: Платила сендвич од 300 денари, а еве што добила

Патничката на авиокомпанијата „Рајанер“, Ејми Вудс, купи сендвич за 5,5 евра (околу 300 денари), а за тие пари доби речиси празна кифла со две тенки парчиња печеница, што предизвика револт и кај неа и кај корисниците на социјалните мрежи.

Фотографијата на нејзиниот профил на Твитер ја сподели лице по име Лиз Нуџент, која не напиша каде патува нејзината пријателка.

Таа додаде дека тоа е уникатно „кулинарско искуство“, додека Ејми признава дека морала да го јаде „сендвичот“ затоа што била прегладнета.

Од компанијата „Рајанер“ се уште нема никаков коментар, додека пак под фотографијата се најде коментар на компанија која вели дека е главен снабдувач на храна во оваа авионска компанија.

„Многу ни е жал и се извинуваме за разочарувачкото искуство на вашата пријателка. Ние секогаш се стремиме да испорачаме производи што ги исполнуваат високите стандарди на нашите клиенти Рајанер. Во овој случај, ние сме крајно разочарани што не ги исполнивме вообичаените високи стандарди. Ќе го разгледаме ова“, пишуваат од Retail inMotion.