„СВЕТСКИ ШАМПИОНИ! Често сонував за тоа, не ми се верува“, беше првата објава на Лионел Меси на социјалните мрежи откако ја предводеше Аргентина до светската титула.
Подоцна таа негова објава стана најлајкуваната објава во историјата на Инстаграм, а сега повторно се огласи на социјалните мрежи. Тој објави три фотографии со трофејот во кревет.