Македонија

ФОТО: Поставени шатори – граѓаните ноќта ќе ја поминат пред Собрание

ФОТО: Поставени шатори – граѓаните ноќта ќе ја поминат пред Собрание

Заврши протестот пред Собрание каде граѓаните деветти ден порачаа „НЕ“ за францускиот предлог и за ултиматуми.

„НЕ за менување историја и на учебници“, се дел од пораките од протестниот марш под мотото „Ултиматум, не благодарам“.

Пред Собранието поставени се и шатори каде демонстрантите ќе ја поминат ноќта.

Протестот почна пред Владата, продолжи кон Министерството за надворешни работи, по што учесниците во протестот се упатија пред Собранието.

Утре, како што беше најавено вечерва, протестот ќе се одржи во 13.30 часот, пред почетокот на собраниската седница, на која ќе се расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни