AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

ФОТО: Познатата Шехерзада во текот на бременоста стана непрепознатлива – еве како изгледа!

Бремената Бергузар Корел одбројува часови и едвај чека да стане мајка по трет пат. Среќата е уште поголема затоа што по два сина, ќе добие девојче, кое ќе ја „зајакне“ женската страна на семејството.

„Утринско кафе со Лејла“, напиша бремената Бергузар во друштво на сопругот и така пред еден месец откри дека бебето ќе добие прекрасно име.

И дека датумот на раѓање се приближува, покажуваат најновите фотографии од прекрасната турска актерка. Позната по тоа што сака да ја менува фризурата, популарната Шехерезада повторно одлучи да ја скрати долгата коса и да носи трендовски пократок боб.