ФОТО: Пред Дајана, принцот Чарлс бил воодушевен од оваа светска дива – „Можев да бидам првата еврејска принцеза“

Принцот Чарлс неодамна откри дека во младоста бил воодушевен од Барбра Страјсенд, а познатата пејачка сега му возврати коментар, откривајќи некои детали од нивното долгогодишно пријателство.

Во разговор со британскиот водител Рос Кингом таа се присетила на својата младост и средбата со принцот Чарлс.

„Беше толку слатко. Тоа се случи во 1974 година во Сан Диего, каде снимав во студио, а принцот Чарлс имаше 26 години и служеше во кралската морнарица. Бараше да ме запознае, затоа и дојде во музичкото студио. Му понудив чај и си помислив „Да не требаше прво да провери дали сум му ставила отров?“ Од тој момент станавме пријатели и јас обожавав да ги поминувам деновите таму, шетајќи низ неговите градини“, вели Барбра додавајќи дека некое време поминала во хотел во Лондон.

Потоа приметила свежо набрано цвеќе на масата во хотелската соба на нејзината асистентка.

На прашањето од кого е, асистентката и одговорила обожавател кој се вика Чарлс.

„Барав да ми ја покаже пораката во цвеќето и таму беше неговиот потпис. Знаев дека цвеќето не е од цвеќара туку од неговата градина“, откри денеска 79-годишната пејачка.

Таа вели дека кога тој присуствувал на нејзините концерти, често се шегувале за тоа дека ако го изигра добро, можеби ќе биде првата еврејска принцеза.