Иако во август минатата година, официјално беше отворен мозаикот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, сепак веќе можат да се забележат првите пукнатини.
Надлежен за одржување на плоштадот е Секторот за урбанизам при општина Чаир. Од таму велат дека се запознаени за оштетените делови од плоштадот, и дека Комисијата ангажирана од овој Сектор, при последната теренска проверка, констатирала оштетување на плочки и скалите, кои ќе бидат поправени во најскор можен рок.
Се вчитува...
Од општината повикуваат и граѓаните да бидат одговорни, да не го оштетуваат и да придонесат за зачувување на плоштадот.
