Македонија

ФОТО: СДСМ неодоговрно се однесува во време на пандемија

Пандемијата со коронавирусот не е завршена, а последниот период имаме и зголемен број на новозаразени и лица кои се хоспитализирани поради Ковид-19.

Но, тоа изгледа на никој начин не ги загрижува политичките партии. Фотографијата е од СДСМ на последниот нивен партиски собир во Битола, каде што многу мал број на лица носат маски на своите лица, иако мерките сами ги донеса, лицата присутни во првиот ред.

Трагично е што на настанот е и Министерот за здравство Венко Филипче. Ова само уште еднаш докажува колку партијата на власт не се грижи за здравјето на граѓаните, со што го загрозува нивното, но и сопственото здравје.

Досега иако неколку пати пишувавме на оваа тема и за останатите политички партии, никој не се осмели да покрене случај, изрече казна или слично за непочитување на донесените закони.

На објавената фотографија пишува обединување, па прашуваме дали СДСМ се обединува во ковид кластер?

Во првиот круг од изборите, СДСМ загуби со голема разлика во Битола. Во 31-ви ќе се гласа по втор пат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни