Катарина Грујиќ се омажи за својот вереник Марко Гобелиќ.
Пејачката и фудбалерот се заколнаа на вечна љубов пред најблиските членови на семејството и пријателите. Како што дознава српски Курир, големата прослава е одложена за следната година. Постојат неколку причини за тоа, пред се поради ситуацијата со коронавирусот и бременоста на Катарина.

За најсреќниот ден во нејзиниот живот, пејачката не избра традиционална бела венчаница, туку летен цветен фустан со долги ракави и отворен грб.
Гостите ги забавуваше блиската пријателка и колешка на Катарина, Андреана Шекиќ, која не пропушти да пее на приватната прослава на нејзиниот долгогодишен пријател.

