ФОТО Се трага по Марта и Никола, тргнале кон Олимпик бич но не се пријавиле во сместувањето!

Од вчера наутро (14 август) околу 08:00 часот се губи секоја трага од две лица – Марта Илиќ и Никола Стефановиќ (роден на 23.07.1994) од Богојевце, кај Лесковац.

Двајцата патувале на релација Солун – Олимпик бич, каде што требало да пристигнат, но не се пријавиле во сместувањето. Тие се движеле со плав металик „Опел“ со лесковачки регистарски таблички LE 164 LB.

Сите кои имаат каква било информација за нивната локација се замолуваат веднаш да се јават на +381 67 724 5210.

Апелот е да се сподели информацијата – секоја дојава може да биде од клучно значење.