ФОТО: Седум високи функционери сечеја лента за нов стадион во Чаир – Шилегов остана во позадина…

Оваа фотографија, ја прогласуваме за фотографија на денот!

Седум високи функционери од власта, денеска во Чаир, свечено го пуштија во употреба новиот стадион. Беше речено дека ова е исполнување на уште едно големо ветување за ФК Скопје, Шверцерите и сите љубители на спортот во општина Чаир и во Скопје.

Денеска, заедно со првиот човек на фудбалската федерација, Мухамет Сејдини, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и на Скопје Петре Шилегов, министерот Османи, директорот на клубот Буњаку, пратеници, директори и други, ја пуштивме во употреба новата трибина на стадионот во Чаир. Посакувам на новиот стадион да му се радуваме сите заедно со шампионската титула оваа сезона.

напиша Груби на фејсбук.

На свеченоста, присутен беше и градоначалникот Петре Шилегов, но за време на сечењето на лентата тој остана во позадина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното