Магазин

ФОТО Синот на познат актер имаше бизарен стајлинг на Греми, сите го гледаа чудно

ФОТО Синот на познат актер имаше бизарен стајлинг на Греми, сите го гледаа чудно

На синоќешното доделување на Греми наградите имаше навистина интересни модни изјави, но она што го направи Џејден Смит е сосема бизарно.

Овој 26-годишен рапер и актер, син на холивудските ѕвезди Вил и Џејд Смит, имал црн замок на главата!?

Не се знае што точно сакал да каже Џејден Смит со ова, но најмногу го исмевале на социјалните мрежи.

„Сакам интернетот да знае дека Џејден Смит има куќа на глава“, „Дали си го плати данокот на имот?“, „Изгледа има многу на ум“, беа коментарите на социјалните мрежи.

Некои во коментарите дури се пошегуваа дека Џејден ја пропуштил церемонијата и дека ова негово издание повеќе одговара за Ноќта на вештерките отколку за Греми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни