Македонија

ФОТО: Стари фотографии од министер на ДУИ објавени како нови и фотомонтирани

Стари фотографии од акција, сега се злоупотребуваат за изборни цели, на кои е ликот на Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Јетон Шаќири.

4NEWS.mk овие фотографии ги доби од читател, но по проверката и утврдувањето дека станува збор за монтажа истите се отстранети.

Со реакција се јави и самиот Шаќири:

Кога опозицијата нема доволно аргументи да не нападне, манипулира со народот обработувајќи стари фотографии кои ги вади целосно од контекст, ова е доказ дека сме на прав пат! 💪🏼

‼️Фотографијата е од Април 2020 година, во ситуација кога движењето беше ограничено поради мерките на Ковид-19 и многу семејства имаа потреба да се снабдат со примарни производи.

✅Ова докажува дека сме блиску до граѓаните и во тешки времиња, не само за време на кампањи како ВАС😴, кои спијете 4 години и се будите во предизборна кампања.

П.с. За време на вашиот 4-годишен сон, вежбавте PHOTOSHOP, единствената алатка што ја користите за да не напаѓате 👏

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни