Студенти и граѓани од 09 часот утрово го блокираа речиси цел Ниш.
Собирот на четири локации траеше до 11 часот, а учесниците на протестот потоа тргнаа на протестна прошетка до плоштадот Крал Милан, каде со 15-минутно молчење им оддадоа почит на жртвите од уривањето на настрешницата.
Ова го означи почетокот на официјалната протестна програма, која е предвидено да трае до три часот по полноќ.
Екипа на 4NEWS.mk денеска е во Ниш и од таму нашата репортерка јавува дека следниот голем протест најверојатно ќе биде во Ниш.




