Свет

ФОТО Судар на два авиона на easyJet на аеродромот во Манчестер

ФОТО Судар на два авиона на easyJet на аеродромот во Манчестер

Два авиона на авиокомпанијата easyJet се судрија утринава околу 06:30 часот по британско време, додека таксирале на аеродромот во Манчестер, соопшти портпарол на аеродромот. При инцидентот, крилата на двата авиона се закачиле, но нема пријавени повредени патници или членови на екипажот.

Патниците од двата лета – еден кон Париз и друг кон Гибралтар – безбедно се симнале од авионите. По кратка суспензија на летовите заради безбедносна проверка, утврдено е дека штетата на авионите е мала и сообраќајот на аеродромот е нормализиран.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни