ФОТО Тешка сообраќајка на патот Кочани–Виница, повредени неколку лица

Сообраќајна несреќа во која се повредени неколку лица се случила попладнево на регионалниот пат Кочани–Виница, во близина на угостителски објект кај местото познато како Рото М.

Од СВР Штип информираат дека несреќата била пријавена во 13:44 часот. Според првичните информации, во незгодата учествувале две патнички возила – „мазда“ и „поло“.

Во судирот неколку лица се здобиле со повреди и со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница во Кочани, каде што им се укажува лекарска помош.

Надлежните служби извршиле увид на местото на несреќата, а се преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои се случил судирот.

ФОТО: Радио Кочани