Доналд Трамп објави фотографија од Мадуро со лисици на своите социјални мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД извршиле „голем напад“ врз Венецуела. Тој додаде дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил заробен и изнесен од земјата заедно со неговата сопруга.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен рано утрово од страна на припадници на Делта Форс, главната единица за специјални операции на американската војска, изјавија американски претставници за Си-Би-Ес њуз. Делта Форс, елитна единица под американската војска, беше одговорна за мисијата во 2019 година во која беше убиен поранешниот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.
