ФОТО Цистерна со нафта излетала и се запалила на патот Гевгелија-Богданци

Претпладнево, цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниот пат Гевгелија – Богданци и се превртела, по што дошло до истекување и палење на нафтата. Патот е затворен за сообраќај.

ТППЕ Гевгелија брзо интервенираше и со специјална пена го изгаси огнот, кој предизвика силен црн чад. Директорот на Државниот завод за статистика, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот сега е целосно под контрола, а опасноста од повторно палење е сведена на минимум.

Истекувањето на нафтата сепак продолжува, а дополнителни информации за следните чекори ќе бидат објавени подоцна.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.