Црвениот крст на Македонија ја достави првата хуманитарна помош во материјални добра во централниот магацин на Албанскиот Црвен крст.

Црвениот крст на РСМ e во постојана комуникација и координација со колегите од Албанскиот Црвен крст со цел обезбедување на евективен и соодветен одговор на потребите и приоритетите на граѓаните на Драч и околината.

Црвениот крст за транспорт на хуманитарната помош се приклучи на конвојот од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, МВР и Противпожарната бригада.
