Игла да фрлеш нема каде да падне вечерва на плоштадот Скендербег во Скопје од каде ДУИ започна да слави роденден.
Познати ДЈ, голема сцена, видео екрани, огномет вечерва имаше на првиот од вкупно три дена роденденско славје на ДУИ.
Во ек на економска криза, ДУИ слават 20 години постоење, за што, според проценките на албанските медиуми, ќе потрошат околу 100 илјади евра.
На социјалните мрежи кружат неофицијални информации дека ангажираните пејачи ќе добијат хонорари од 4.000 до 8.000 евра, за журките во Скопје и Тетово.