Breaking Шест пациенти хоспитализирани во Стара градска болница по невремето: Еден повреден од паднато дрво, друг од керамиди
Македонија

ФОТО+ВИДЕО Силно невреме го зафати Скопје: Ветер над 100 км/ч, леташе градежен материјал, паднати дрвја и откорнат кров

ФОТО+ВИДЕО Силно невреме го зафати Скопје: Ветер над 100 км/ч, леташе градежен материјал, паднати дрвја и откорнат кров

Силно невреме со исклучително силен ветер попладнево го зафати Скопје, предизвикувајќи проблеми на повеќе локации низ градот. Според првичните информации, налетите на ветерот достигнувале брзина и до 100 километри на час.

На Јужен Булевар, од зграда во изградба, силниот ветер разнел градежен материјал кој летал по улицата, создавајќи опасност за минувачите и возилата.

Во општина Аеродром е пријавено паднато дрво поради силниот ветер, додека на улицата „Партизанска“ бил откорнат кров од зграда.

Невремето проследено со силни ветрови и дожд предизвика хаос во повеќе делови од главниот град. Екипите на надлежните служби се на терен и се очекува да интервенираат на местата каде има предизвикана штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни