Breaking Шест пациенти хоспитализирани во Стара градска болница по невремето: Еден повреден од паднато дрво, друг од керамиди
Македонија

ФОТО+ВИДЕО Силно невреме во Скопје, летна покрив од зграда во Центар

ФОТО+ВИДЕО Силно невреме во Скопје, летна покрив од зграда во Центар

Силно невреме попладнево го зафати Скопје, а силните налети на ветер предизвикаа и материјална штета во централното градско подрачје. Од една зграда во Центар бил откорнат дел од покривот.

Невремето донесе засилен ветер, пороен дожд и грмежи, а граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од силните атмосферски процеси во главниот град.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска времето е нестабилно со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. На повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пороен дожд, силни грмежи, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме со град.

Од УХМР информираат дека и во Скопската Котлина постои можност за појава на краткотрајни невремиња проследени со пообилен дожд, грмежи и засилен ветер.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во периоди на силни налети на ветер, и да избегнуваат престој под дрвја, рекламни паноа и други нестабилни конструкции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни