Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески на својот Фејсбук посочи дека денеска извеле акција за спасување на млад штрк, кој бил заплеткан во своето гнездо.
„Денес со помош на нашата електромонтерска екипа,со специјалната дигалка и Јане Иваноски изведовме акција за спасување на млад штрк,кој беше заплеткан во своето гнездо, на училиштето во село Волино. По симнувањето на штркот и извршената имобилизација на ногата повикана е ветеринарна екипа од Зоолошката градина во Битола. Младиот штрк е преземен и ќе продолжи неговото лекување и очекувањата се за десетина дена да биде вратен во Волино“, вели тој.