ФОТО: Вук Моб на влезот од својата куќа постави голема фотографија од неговиот татко

Раперот Вук Моб го загуби својот татко Вуле Гојковиќ на 23 јуни по кратка и тешка болест.

Според објавите, може да се забележи дека Вук тешко се справува со оваа загуба.

Тој сега на својот Инстаграм профил покажа колку е важен неговиот татко со поставување на неговата слика од неколку метри на влезот во куќата.

„Без разлика колку настапи ти посветувам, без разлика колку песни ти посветувам, слики, мурали, никогаш нема да биде доволно за да покажан колку ми недостигаш и колку те сакам“, напиша раперот.