Канскиот филмски фестивал, 74-ми по ред, беше вистинска можност за непозната бринета да го сврти вниманието кон себе покажувајќи ги голите гради.
Најголемите sвезди се појавуваат на 74. Кански филмски фестивал, а повеќето од нив ја користат можноста да промовираат нови филмови, а една непозната девојка успеала да ги засени сите нив.
Згодната бринета прошетала на црвениот тепих за време на премиерата на мјузиклот „Анет“, во кој играат Марион Котијар, Адам Драјвер и Сајмон Хелберг.

Сепак, ретко кој гледал во познатите актери кога се појавила разголената бринета и ги искористила своите пет минути слава. Таа позирала во долго здолниште и краток топ што ги покажал нејзините голи гради додека се чинеше дека намерно ги крева рацете и со тоа открива повеќе од очекуваното.
Изгледа дека девојката била сосема свесна за тоа па позирала со насмевка додека повеќето не можеле да го свртат погледот од неа.
