Фотограф откри како изгледаат неговите фотографии пред да ги фотошопира

Дали некогаш сте се запрашале што е потребно за да направите добра фотографија? Некои велат дека треба да имате добра камера, други дека е важно совршеното место за позирање, за други е важно осветлувањето или аголот на фотографирање, но сето тоа зависи од личноста.

Кога станува збор за познатиот нигериски фотограф Ибор Едоса Виктор, кој го следат речиси 200 илјади луѓе на Инстаграм, најважна е визијата, а се друго може лесно да се поправи.

Ибор им покажува на своите следбеници како се создадени неговите фотографии, односно им покажува што се случува зад сцената.

Од неговите фотографии е очигледно дека за добра фотографија не е потребно да се има совршено место, туку уметност на уредување фотографии.

Начинот на кој ги уредува фотографиите ги воодушеви неговите следбеници и многумина се изненадени кога видоа како и каде се направени тие фотографии.

Погледнете ја разликата подолу.