Македонија

Франција против преговори со Македонија и со Албанија? Француската министерка вели дека ова не е конечно „не“

Отакко министрите за надворешни работи не успеаја да дојдат до едногласно решение за давање датум, очите и надежта на Скопје и Тирана сега се свртени кон Европскиот совет.

Овде утре или најдоцна задутре шефовите на земјите членки се очекува да донесат конечна одлука дали ќе им се даде датум на РСМ и Албанија за почеток на преговорите.

Порталот Еурактив пишува дека на Советот на министри што се одржа синоќа во Луксембург, Франција ја блокирала Северна Македонија а Холандија и Данска го поддржале Скопје. Предлогот на Финска за разделба на пакетот Македонија – Албанија е одбиен од Франција, пишува Еурактив.

И додека сите гласини се дека Франција ги блокира овие две земји кандидатки, француската министерка за европски прашања, Амели д Моншалан, вели дека нејзината земја не рекла НЕ и дека последниот збор ќе го имаат лидерите на државите.

-Новинарот: Одлуката е негативна. Не ли стравувате од фрустрација на Северна Македонија?

-Де Моншалан: Нема одлука

-Македонија го реши спорот за името со Грција

-Нема одлука

-Одлуката ќе биде негативна

-Сакам да биде јасно дека никој не рекол НЕ. Ставот на Франција е дека има европска перспектива. Потребно е да го реформираме процесот на преговори со цел да биде по прифатлив за граѓаните. Франција не бара ништо ново и не вели НЕ. Франција вели само дека критериумите од 2018 да се спроведат во целост.

Моншалан исто така рече дека Франција и Холандија гледаат дека не се спроведени сите барани реформи. Во случајот за Македонија, министерката го спомна решението на СЈО.

За разлика од изјавите на Моншалан, дипломатски извори за весникот Политико велат декаФранција ќе го смени ставот само доколку знае што ќе добие за замена.

Попладне во градот Тулуз повторно се сретнаа гермаската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макорн. Дипломатските извори од Берлин за меѓународните медиуми изјавиле дека Меркел на оваа средба ќе се обиде да го омекне ставот на Макрон за почеток на преговорите со двете земји од Западен Балкан.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни