Македонија

Францускиот нон-пејпер и страв и оптимизам – Димитров: „Граѓаните нема што да изгубат“

Францускиот нон-пејпер е доставен до сите земји членки па и до Северна Македонија. Македонските власти задоволни од напишаното, велат дека насоките кои ги испраќа Франција влеваат надеж. Министерот Димитров смета дека граѓаните нема што да изгубат од процесот, вели дека наведено е во нон-пејперот од Франција дека на крај ние ќе бидеме дел од ЕУ.

Првиот човек на секретаријатот за европски прашања, Бујар Османи вели дека при првото читање тој забележал многу добри работи кои Франција ги навела. Брзината со која е испратен овој нон-пејпер, ставот на Франција дека немаме друга алтернатива и користењето на ЕУ фондовите се работите кои го импресионирале Османи.

Францускиот амбасадор во земјава вели дека најважно од се е почитувањето и функционирањето во пракса на правната држава и додаде дека тоа е работа за која се согласуваат сите.

Засега не се претцизира новопредложената методологија дали би можела да има негативно влијание врз евроинтегративниот процес, но се додава дека има многу нејаснотии во овој документ, по што и Владата ќе биде вклучена во разгледувањето на нон-пејперот испратен од Франција.

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски проценува дека со новата методологија од почетокот на преговорите до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни