ФРАНЦУСКО ТОПЛО ЧОКОЛАДО: Додека се готви, прекрасен мирис се шири низ куќата, а ситњ се воодушевени од рецептот

Французите се познати по своите слатки специјалитети, а можат да се пофалат и со одлични чоколадни пијалоци. Направете топло чоколадо како да сте Французи и уживајте во вкусот. Поради ванилата и циметот низ куќата се шири прекрасен мирис, подготовката е навистина едноставна. Рецептот е прегледан од над 2 милиони луѓе на YouTube и брзо стана популарен.

Состојки:

    • 1/2 л млеко
    • 100 гр темно чоколадо
    • 1-2 стапчиња цимет
    • прстофат шеќер
    • неколку капки екстракт од ванила
    • 1 лажица какао
    • прстофат сол

Подготовка:

Истурете млеко во тава, потоа додадете цимет и варете додека не зоврие. Потоа извадете го циметот и додадете го какаото. Добро измешајте да нема грутчиња.

Потоа истурете прстофат сол и шеќер, како и неколку капки ванила. Промешајте и додадете го чоколадото. Мешајте и варете убаво да се растопи и да се соединат сите состојки.