Французите во странство веќе почнаа да гласаат преку Интернет

Французите кои живеат во странство попладнево во 12 часот по париско време веќе почнуваат да гласаат преку интернет за парламентарните избори. И тие ќе можат да го направат тоа до среда, пренесе АФП.

Французите кои живеат во странство имаат четири начини да гласаат – пред гласачките кутии, со полномошник, по пошта и на Интернет. Но, онлајн гласањето е само на парламентарни избори и гласањето за конзуларни советници.

Се вчитува...

Од 2012 година, ширум светот се формирани 11 изборни единици за Французите, секоја со по еден пратеник. Истата година генерално беше дозволено гласање преку Интернет, но тоа не беше варијанта на последните парламентарни избори во 2017 година, кога не беше дозволено. Целта беше да се избегнат сајбер напади поради сомневањата за изборите во САД во 2016 година.

Вкупно 150 кандидати се борат за 11-те места што годинава ги избраа Французите во странство.