Иако тимот на шпанскиот фудбалски четвртолигаш Толедо загуби на домашен терен со 4:1, сепак овој ден беше прекрасен за еден од фудбалерите.
Се работи за напаѓачот Рубен Морено, кој пред сите присутни на теренот, беше запросен од својата девојка Клаудија.
Девојката клекна пред него и му покажа прстен, а тој од радост се расплака и кажа „Да“.
Тие двајца имаат и син, кој беше сведок на настанот.
