Свет

ГАЛЕРИЈА: Последна почит на кралицата Елизабета Втора

ГАЛЕРИЈА: Последна почит на кралицата Елизабета Втора

Британија и светот се простуваат од кралицата Елизабета Втора. По 11 дена исполнети со многу церемонии на жалост, таа денеска беше испратена на последното патување во Вестминстерската опатија.

Околу 2.000 луѓе, вклучително и шефови на држави и монарси од целиот свет, се собраа во готската катедрала каде Елизабета Втора беше крунисана во 1953 година за да и оддадат последна почит на кралицата.

Погребната служба во Вестминстерската опатија ја водеше нејзиниот кустос, Дејвид Хојл. Проповед одржа надбискупот од Кентербери и поглавар на Англиканската црква Џастин Велби.

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во споменикот Џорџ VI во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

Вчера во 20:00 часот по локално време беше со едноминутно молчење во спомен на кралицата. Британскиот крал Чарлс Трети им се заблагодари на сите што го поддржаа него и неговото семејство по смртта на неговата мајка. Во изјавата, кралот изрази благодарност до „сите оние безброј луѓе“ кои го поддржаа.

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември на 96-годишна возраст по 70 години на тронот.

Фотографии: БГНЕС

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни