Гаши: „Ќе ги разгледам двете опции, приклучување кон Владата и останување во опозиција“

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по денешната средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, рече дека имале отворена дискусија за тоа како мнозинството ја гледа Алтернатива, но дека за двете опции кои се пред нив – поканата за членство во Влада или да остана опозиција, ќе дискутираат на органите на партијата врз основа на аргументи.

– Имавме отворена дискусија и јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас, изјави Гаши.

Алтернатива, нагласи Гаши, имајќи ја предвид сериозноста на политичката ситуацијата во земјата, има обврска да го види концептот на Заев на кој начин може да се надмине оваа криза и како мнозинствотото гледа на Алтернатива.

– Како претседател на Алтернатива, јас имам обврска да ги разгледам двете опции. Првата опција е приклучување на парламентарното мнозинство, а втората опција е да продолжиме со опозицијата. Двете опции ќе ги дискутираме на органите на партијата врз основа на аргументи, што е подобро за интересот на земјата, граѓаните, Албанците и секако на Алтернатива, изјави Гаши. 

Поврзани вести

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен дефект“, изјави Методи Стилјанов, инженер и експерт во Институтот за...

Времето утре дождливо и постудено, на планините снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег. На места врнежите ќе бидат поројни и обилни, особено попладне и во...

Продолжува потрагата по преживеани од вулканска ерупција во Индонезија

Спасувачите во Индонезија продолжуваат со потрагата по преживеани по силната вулканска ерупција на островот Јава. Загинаа 14 лица, а десетици беа повредени. Аматерско видео снимено од...

Италија воведува супер зелен сертификат

Таканаречениот суперзелен сертификат во Италија од денеска стапува на сила. Ќе важи до 15 јануари следната година. Само оние кои се вакцинирани и излечени од СОВИД-19 добиваат суперзелен сертификат.

Најважното

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа...

Согласно истрагата секој ќе поднесе одговорност, рече Бочварски

Министерот за транспорт и врски вели дека истрагата ќе ги даде одговорите на прашањето, кој треба да сносни одговорност за трагедијата во...

Средба Османи- Ескобар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник...

Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени

Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што...

Ескобар во Скопје – какви пораки носи?

Специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, денеск ќе престојува во официјална посета на копје. За време на посетата Ескобар ќе се...