Спикерот Африм Гаши останува претседател на Собранието, откако денес не беше изгласана интерпелацијата за неговата работа како претседател на Парламентот.
Тој се огласи на својот „Фејсбук“ после гласањето против интерпелацијата.
„Уште еднаш разумот надвладеа над предрасудите и пропагандата.
Им се заблагодарувам на сите пратеници кои денес учествуваа на оваа интерпелација, кои дискутираа и реплицираа и кои со нивниот слободен и демократски глас и дадоа одговор на оваа интерпелација.
Им се заблагодарувам од срце и на сите други кои денес ја дадоа нивната поддршка на било каков начин.
Продолжуваме со истата посветеност кон задачата!“, напиша Гаши.