И покрај барањата што ги упатуваат, повеќето земји во ЕУ продолжуваат да купуваат руски гас, изјави директорот на Гаспром Алексеј Милер во интервју за програмата „Москва. Кремљ. Путин“ на новинарот Иван Зарубин, цитирана од руските медиуми.
Милер коментира дека рускиот гас минува низ територијата на Украина до гасниот центар „Баумгартен“ во Австрија, а оттаму се испорачува до земјите од заедницата, вклучително и Југоисточна Европа.
„Молекулите во магистралните гасоводи немаат национална боја“, рече и шефот на гасниот холдинг.
„Газпром“ од почетокот на годинава престана да објавува статистика за своите испораки, кои пред војната во Украина ги пријавуваше на секои 15 дена. Колкав обем извезува компанијата сега може да се процени само според изјавите на властите. Според зборовите на самиот Милер за време на неговата посета на Кина, се очекува многу скоро испораките на Небесната империја да се изедначат со оние на европските пазари. Според рускиот вицепремиер Александар Новак, Русија во 2022 година извезла 15 милијарди кубни метри природен гас во Кина, а оваа година тие веројатно ќе надминат 22 милијарди кубни метри.