Газпром предупредува дека цената на гасот може да продолжи да расте во Европа

Руската компанија за природен гас Газпром објави дека цената на гасот во Европа го собори историскиот рекорд со 3.892 долари за илјада кубни метри. Газпром предупреди дека растот на цените може да продолжи.

Во писменото соопштение од Газпром, се вели дека компанијата ги исполнила барањата за снабдување со гас на своите странски корисници.

Транзитниот коридор, кој обезбедува проток на гас од Украина до Европа, е целосно искористен, се вели во соопштението.

„Причината за зголемувањето не е поради Газпром. Нашата компанија ги исполнува и ќе продолжи да ги исполнува долгорочните договори за снабдување со гас“.

Русија обезбедува околу 45 отсто од увозот на природен гас во Европа.