Георгина Родригез (28), модел и свршеница на Кристијано Роналдо (36) моментално е на семеен одмор во Дубаи, па се пофали со атрактивна фотографија од плажа.
- Толку сум горда на моето прекрасно семејство. Овде во Дубаи соништата стануваат реалност – напиша Родригез со фотографија која предизвика многу коментари, но и лајкови.
Таа позираше во светло сини бикини со плисирани детали, а ова секси издание го надополни со правоаголни очила за сонце за да се заштити од сонцето. Таа седеше на лежалка, придружувана од четиригодишните близнаци Ева и Матео. На другата лежалка седеше Кристијано со другите две деца, синот Кристано Џуниор и ќерката Алан.
