Германската влада соопшти дека ќе го прошири системот на издавање шестмесечни визи на тој начин што ќе им овозможи на граѓаните од земјите надвор од ЕУ да побараат работа во оваа земја.
Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека визите што моментално им се расположливи на луѓето со завршено високо образование ќе бидат проширени и за луѓе со квалификации потребни за одредени професии.
Со овој потег германските власти сакаат да ги намалат негативните ефекти врз економијата кои се предизвикани од постојаниот недостиг на квалификувана работна сила.
Зехофер исто така истакна дека Германија не сака „имиграција во системот за социјална помош“, така што барателите на виза мора да докажат дека ќе можат сами да се грижат за себе и да зборуваат германски.
Министерот за труд Хуберт Хајл рече дека владата го усогласила и „прагматичното“ решение за одбиените баратели на азил кои имаат работа во Германија и се добро интегрирани.
Од 1 јануари 2019: Македонците без европски пасош ќе можат да работат во Германија
Поради измени во Законот за вработување во Германија е прекинато вработувањето на граѓаните од територијата на поранешните Ју простори.
Во овој момент граѓаните без европски пасоши не можат да работат, ова важи за граѓаните со српски, босански и македонски пасоши без оглед за која работа сакаат да аплицираат. Ова се однесува на сите вработување, без разлика дали сакате да аплицирате за медицинска сестра, градежник, помошничка или нешто друго, пренесува порталот Balkan- life.com.
Од 1 јануари следната година стартува нов закон за вработување, со кој сите граѓани од поранешна Југославија, чии држави не се во Европска Унија, ќе можат да се вработат под истите услови како граѓаните од Европска Унија.




