Новата германска влада планира да ја направи вакцинацијата против Ковид задолжителна за работниците во некои сектори. Мерката ќе ги погоди болниците, домовите за стари лица и другите медицински практики.
Германија се воздржува од наметнување задолжителни вакцини за да не се влоши недостатокот на здравствена заштита, но земјата се бори со четвртиот пандемски бран и поддршката за таква мерка расте.
Во среда, Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи ќе формираат влада и оваа недела во парламентот ќе ја воведат потребната легислатива.
Германија сака да вакцинира или да понуди дополнителни дози на 30 милиони луѓе пред Божиќ.