Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е казнет од владата затоа што одби експлицитно да ја осуди руската инвазија на Украина, јави ДПА.
Германската владејачка коалиција, предводена од социјалдемократите – партијата на која и припаѓа и самиот Шредер и чиј лидер некогаш беше – ќе му ги скрати посебните права како поранешен канцелар.
Според владиниот предлог што утре треба да го одобри комисијата за буџет во Бундестагот, тој ќе ги загуби функцијата и персоналот. На Шредер сепак ќе му биде дозволено да ја одржува пензијата и телохранителите.
Конзервативната опозиција побара на Шредер да му биде одземена пензијата, тврдејќи дека тоа му штети на меѓународниот углед на Германија со тоа што не се оградува од рускиот претседател Владимир Путин и задржува позиции во различни руски енергетски компании.
Од 1998 до 2005 година, поранешниот германски канцелар беше последниот социјалдемократ на оваа функција пред Олаф Шолц. Потоа почна да работи за руски енергетски компании, вклучувајќи ги Северен тек, Гаспром и Роснефт.
Раководството на СПД побара од него да ја напушти партијата. Примени се и барања за негово протерување.
