Балкан

Германски државјанин возел 216,4 километри на час кај Бујановац

Германски државјанин возел 216,4 километри на час кај Бујановац

Сообраќајната полиција денеска во близина на Бујановац запрела германски државјанин (43) бидејќи возел автомобил со брзина од 216,4 километри на час, соопшти МВР.

Како што се наведува, тој бил исклучен од сообраќај.

На местото каде што возел 216,4 километри на час, дозволената брзина е 130 километри на час.

Против возачот ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни