Свет

Германските политичари цел на хакерски напад, кој ги чита пораките на Меркел?

Хакери ги објавија личните податоци за стотици германски политичари од речиси сите партии во Бундестагот.

Бројот на имејл адресата, факсот и неколку други пораки се меѓу некои од податоците на Мркел и останатите, кои се појавијаа на интернет преку профил на Твитер за кој не се знае кој го контролира.

Засега е непознато дали објавените пораки што ги испраќала и примала од другите, содржат доверливи информации.

Како што пренесуваат германските медиуми, хакирањето било откриено доцна синоќа. Германската министерка за правосудство, Катарина Барлеј го осуди сериозното истекување на лични податоци на политичари на интернет, нарекувајќи го напад на демократијата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни