За Локалните избори 2021 што се одржуваат денеска акредитирани се вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи.
Според податоците од Државната изборна комисија, изборите ќе ги мониторираат 714 домашни набљудувачи. Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје.
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата.
Шефот на Mисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Северна Македонија, Тана де Зулуета.
