ПР машинерија во трка по гласови, беше темата во синоќешното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Експертите во оваа област сметаат дека гласачкото тело е веќе определено за кој ќе го даде својот глас на 15-ти јули кога се закажани предвремените парламентарни избори.
„Гласачкото тело е веќе определено во Македонија и ако ги анализирате двете пораки тоа се пораки кон еден тагет, реално СДСМ ги таргетира своите гласачи, ВМРО ги таргетира своите гласачи. Да се слагам со Ангелка дека има доза на признавање „вина“ во наводници“, истакна Газменд Ајдини.
ДУИ пред два дена го претставија својот кадидат за премиер како прв премиер Албанец во Македонија. Експетите на ова гледаат како одлична идеја за гласови, но лоша за реалиција.
„ДУИ со кампањата за премиер Албанец која беше одлична кампања, морам да кажам дека сум воодушевен од идејата за таа кампања иако реализацијата не ми се допаѓа. Самата идеја ги измести, пробаа, но и бројките покажуваат дека ДУИ се зацврстува и мислам дека тука ќе се води надвор од класичната стандардна битка ВМРО, СДСМ, ДУИ и Алијанса. Ќе имаме интересна војна, секој со секого“, посочи Сашко Пешев.
Пеева пак синоќа во „Click Plus“ посочи дека партиите сега треба да направат се, за да го испровоцираат гласачкото тело за да излезе на избори. Бидејќи како што вели таа, на овие избори ќе има многу ниска излезност.
„Сега слободно можам да кажам дека имаме депресивно гласачко тело. На кое што и те како му треба провокација, да го привлечете, да излезе да гласа и свесно да одлучи за неговиот избор во следните четири години“, додаде Ангелка Пеева.
Експертите посочуваат дека цивилизацијата се наоѓа во депресија и токму тоа ќе се одрази и на изборниот процес. Предвремените парламентарни избори закажани се за 15-ти јули, откако беа одложени поради коронавирусот и прогласувањето на вонредна состојба.
.