ГЛАСАЊЕ ЗА „БРЕГЗИТ“ – Меј: Пратениците се должни да ја исполнат демократската волја на британскиот народ

Британската премиерка Тереза Меј во пресрет на гласањето за Брегзит, се обрати во Парламентот истакнувајќи дека народот во Британија се изјасни дека не сака да остане во Европската Унија, и дека тоа треба да се почитува.

„Излезноста на референдумот беше висока, а резултатите јасни. Оваа дебата е историска за парламентот и нашата земја. Никој нека не се сомнева во силата на оваа институција кога е демократијата во прашање“, рече Меј.

Според нејзините зборови, пратениците се должни да ја исполнат волјата на народото изразена на референдумот.

„Втор референдум би донел неединство. Не би било одговор на тоа прашање, би немале време за имплементација, и ќе биде без заштитата на правата на граѓаните“, порача Меј, додавајќи дека како Премиерка посакува вистински правец за земјата и порача дека Обединетото Кралство со прифаќање на овој предлог може да си обезбеди подобра иднина.

Извор: ТВ21