Свет
19,119,113
Вкупно активни случаи
Updated on 04/12/2020 13:36 13:36
Македонија
21,728
Вкупно активни случаи
Updated on 04/12/2020 13:36 13:36
Македонија
1,847
Вкупно починати
Updated on 04/12/2020 13:36 13:36
Македонија
41,656
Вкупно оздравени
Updated on 04/12/2020 13:36 13:36

Главниот штаб за управување со кризи донесе Акциски план

Согласно одлуката на Владата за прогласување кризна состојба на цела територија на државата во траење од 30 дена, денеска се одржа втората седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што го раководи директорот на Центарот, в.д. Стојанче Ангелов, на која беше донесен Акциски план.

-Акцискиот план ќе отиде на разгледување на Управувачкиот комитет што е составен од министрите за внатрешни работи, за надворешни работи, за одбрана, здравство, транспорт и врски и јас како раководител на Главниот штаб. Состојбата кај нас не е нешто полоша од состојбата во регионот. Сметам дека ја имаме под контрола, изјави Ангелов.

loading...

Најави дека ќе работат и на јакнење на јавната свест. Граѓаните, како што рече, да сфатат дека се работи за една опасна болест. Ќе има продолжување на медиумската кампања, која би била уште позајакната. Најави дека ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор.

-Ќе побараме од Советот на Владата за соработка со невладини организации да определат неколку претставници на невладини организации кои се занимаваат со човекови права. Ја разгледавме и соработката со Армијата, која ќе и асистира на полицијата, но и ќе дава директна помош на здравствените установи онаму каде што тоа е потребно, изјави Ангелов.

Прашан за капацитетите на приватните болници, рече дека тоа не е во надлежност на Главниот штаб, туку на  Министерството за здравство.

Ангелов апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус. 

.

Извор: ТВ21

НАШ ПРЕДЛОГ

Марихуаната ќе помогне во развојот на туризмот – рече премиерот Заев!

Премиерот на земјата Зоран Заев вели дека легализацијата на марихуаната ќе помогне во развојот на туризмот.  „Државата и граѓаните...

Беспилотно летало влезе во петтиот реактор во Чернобил

Беспилотно летало наречено „Елиос 2“ првпат по 33 години влезе во петтиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил. Леталото припаѓа на компанијата „Флајабилити“ (Flyability), а...

Убеден сум дека ќе ја победиме короната

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на гостувањето на националната телевизија РТС рече дека е оптимист дека земјата ќе издвои победа над коронавирусот. „Сигурен сум...
Skopje
overcast clouds
12 ° C
12 °
12 °
66 %
7.2kmh
90 %
Fri
10 °
Sat
13 °
Sun
14 °
Mon
10 °
Tue
11 °