Го истетовирал целото тело, па дури и очите: Не жали за тоа, а еве какво мислење има неговата девојка

Некои велат дека изгледам како убиец, ѓавол, Луцифер, па дури и ме нарекуваат луд. Сепак, на многу фанови им се допаѓаат моите тетоважи и едвај чекаат да ја видат новата. Ќе продолжам со тоа, без разлика дали тоа им се допаѓа на некои луѓе или не, вели тој.

Тој се претставува како Реми и е жив доказ дека луѓето можат да станат зависни од тетоважи. Со нив го покри речиси целото тело.

Тој не откри колку пари потрошил или колку време потрошил за тетовирање, но затоа без никакво двоумење го покажува своето тетовирано тело на Инстаграм, а таму има над 160.000 следбеници.

Многумина таму го почитуваат и го нарекуваат „царот“, па дури и неговата партнерка Сара на која тој и е многу убав.

Реми ужива во вниманието и не се мачи, вели тој, со негативни коментари.