Го победи коронавирусот и највозрасниот заболен пациент

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил го објави највозрасниот пациент кој го победил коронавирусот.

„Андон Атанасов има 89 години и е највозрасниот пациент кој го победи коронавирусот. Неговиот син нѐ извести дека сега тој е во добра состојба благодарение на посветеноста на докторите во болницата во Битола. Андон е храбар човек со волја за живот. Му посакувам добро здравје и уште многу денови поминати со неговите најмили!“, напиша Филипче. 

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното