Со своја рака го потпиша законот на употреба на албанскиот јазик, но денешната седница ја водеше на македонски.
И од СДСМ велат дека Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и дека позитивно ќе влијае врз општеството.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став. Од таму велат дека начинот како е донесен законот е против уставен.
Законот за јазиците предвидува целосна употреба на албанскиот јазик, во Влада, Собрание, правосудните органи, јавната администрација како и другите институции и компании. Написите на централно ниво исто така ќе бидат на двата јазика. Со овој закон се предвидува и униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници да бидат на двата јазика, во Скопје и другите општини каде над 20% од населението се Албанци. За спроведување на законот за јазиците одговорни ќе бидат Агенцијата за спроведување на јазиците и Инспекторатот за употреба на јазиците.
РЕПОРТЕР ЗИМЕР ЈАШАРИ
