На 28.04.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, М.П.(25) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот, кога пристигнал со патничко возило пред својот дом на подрачје на Центар, бил пресретнат од две лица, од кои со едното претходно имал недоразбирање во сообраќајот.
Според пријавеното, тој се обидел стартувајќи го возилото да замине, но бил попречен од лицата, по што едното од нив употребил физичка сила и тврд предмет и го скршил предното стакло од возачката страна, а од скршените парчиња од стаклото М.П. се здобил со повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
